Почина хрватскиот ракометар Тот кој играше за македонски клуб

Почина хрватскиот ракометар Тот кој играше за македонски клуб

Хрватскиот 27 годишен ракометар кој играше за македонскиот клуб „Бутел“, Денис Тот починал денеска на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување Карил, јавува новинската агенција МИА. Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство.

Директорка на КАРИЛ, Маја Мојсова изјавила дека кај пациентот не биле пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.

Претходно, МВР соопшти дека вчера во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Прочитајте повеќе

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки со поддршка од Цевитана

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки со поддршка од Цевитана

Витаминка преку својот бренд Цевитана, со гордост го поддржа Балканското првенство во џудо за помлади пионери …