Четири медали за џудистите на „Сеишин“ на „Тирана Опен 2023“

Четири медали за џудистите на „Сеишин“ на „Тирана Опен 2023“

Вчера во Тирана, Албанија, се одржа Меѓународен турнир во џудо „Тирана Опен 2023″. На турнирот учество зедоа околу 360 џудисти од 8 држави: Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Македонија, Србија и Грција.

Џудо клубот „Сеишин“ Прилеп на турнирот учествуваше со 7 џудисти кои освоија 4 медали: 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен.

Први места и златни медали освоија Тамара и Теодора Илиоски, со сребрен медал се закити Елеонора Илиоска, а со бронзен Никола Магдески.

На турнирот во Албанија учествуваа и прикажаа одлични борби Теа и Теона Настоски, како и Борис Џагадуроски.

Екипата ја водеа тренерите Мартин Ристески и Киро Здравески.

Следниот викенд џудистите на „Сеишин“ ќе земат учество на Меѓународниот турнир “Скопје Опен 2023”, на кој ќе настапат голем број натпреварувачи од земјата и странство.

Прочитајте повеќе

Трамп го нарече шоуто на Бед Бани на полувремето од Супербоул „Апсолутно ужасно и шлаканица за нашата земја“

Трамп го нарече шоуто на Бед Бани на полувремето од Супербоул „Апсолутно ужасно и шлаканица за нашата земја“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикуваше настапот на Бед Бани на полувремето од Супербоул …