ЦИВИЛ: ИЗБОРЕН ДЕН - НЕРЕГУЛАРНОСТИ ОД 07-09 ЧАСОТ, НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО ТЕКОТ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК

ЦИВИЛ: ИЗБОРЕН ДЕН – НЕРЕГУЛАРНОСТИ ОД 07-09 ЧАСОТ, НЕРЕГУЛАРНОСТИ ВО ТЕКОТ НА ИЗБОРНИОТ МОЛК

Прва прес конференција на ЦИВИЛ за досегашниот тек на гласањето и нерегуларностите за време на изборниот молк

Притисоци врз набљудувачи на ЦИВИЛ

Набљудувач на ЦИВИЛ во општина во источниот дел од земјава утринава беше следен и фотографиран повеќе пати. Случајот е пријавен во полиција.

Куманово, ИМ 1070, Опструкција на набљудувачите: Запишан ЕМБГ во дневник кај ИО

Притисоци и закани

Куманово, ОУ „11 Октомври“, ИМ 1026/1, Членот на ИО, В. Т., додека гласачот бил на ФП апаратот, именуваната извадила телефон за да го слика гласачот. После тоа, му рекла: знаеш дека треба да заокружиш конкретно бројче.

Нарушување на тајноста на гласањето

Куманово, ОУ „11 Октомври“, ИМ 1001,  Гласачките паравани се наместени на тој начин што од прозорецот може да се види кој што заокружува зад параванот.

Фингерпринт апаратите не работат

Ново Село, ИМ 1789, Една граѓанка ја нема во избирачкиот список и не се појавува во апаратот за препознавање, истата е испратена во ОИК Ново Село за да го оствари правото доколку ѝ дозволат. Проблем имала и претходниот пат.

Повреда на КОВИД протоколи

Тетово, ОУ „Братство Миѓени“, ИМ 1952,  Непочитување ковид-мерки

Лозово, ОУ – с. Лозово, ИМ 1706, Претседателката на ИО не носи заштитна маска.

Помагање при гласање, гласање за друг, семејно гласање

Тетово, ОУ „Братство Миѓени“, ИМ 1952,  Семејно / групно гласање

Лозово, ОУ – с. Лозово, ИМ 1706,  Злоупотреба на гласање со помош – лицето што помага, сугерира за кого да заокружи гласачот.

Проблеми со ФА

Еден од долгорочните набљудувачи на ЦИВИЛ направи статистика од едно избирачко место во Кисела Вода. Од 70 гласачи во ИМ 2668, ООУ „Партение Зографски“,  Кисела Вода,, само 19 немале проблем со идентификација на фингерпринт апаратите.

Радовиш, ИМ 1582, ФП апаратот не може да ги отчитува отпечатоците од прст, со искуство од претходно гласање, било исклучено светлото во просторијата така што останала само надворешната светлина. Потоа, немало ниту еден проблем со фингерпринтерот, на сите гласачи им ги отчитувал прстите.

Тетово, ОУ „Братство Миѓени“, ИМ 1952, Карпош,

ООУ„Јан Амос Коменски“, ИМ 2605,

Кисела Вода, ОУ „Невена Георгиева Дуња“, ИМ 2745

Непристапност, повреда на гласачко право на лица со посебни потреби

Кисела Вода, Дом на МЗ К. Вода, ИМ 2763, Не е поставен третиот гласачки параван за лица со физичка попреченост.

Други нерегуларности

Ново Село, Подрачно ОУ – с. Смолари, ИМ 1782, Ниту еден член од ИО не носи беџ.

Кисела Вода, Дом на МЗ К. Вода, ИМ 2762, Членовите на ИО немаат беџови/ознаки.

Куманово, Гимназија „Гоце Делчев“, ИМ 1073, прекинато е гласањето 8 мин. поради приговор на партиски набљудувачи заради неброење на гласачки ливчиња

Куманово, Гимназија „Гоце Делчев“, ИМ 1073, Гласачко лице од вчера од болен од Ковид-19 сè уште стои на страна, ќе го ставаат во кутија вечер.

Аеродром, ООУ “Ѓорѓија Пулевски”, ИМ 2705, Ставени 2 кутии, со објаснување дека имаат голем број на гласачи (866).

НЕРЕГУЛАРНОСТИ ДО 07ЧАСОТ (САБОТА)

Кршење на изборниот молк

Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ го набљудуваа изборниот молк кој настапи на полноќ меѓу петок и сабота, 29 и 30 октомври. Бројот на случаи на кршење на изборниот молк е далеку поголем. ЦИВИЛ Тимот за аналитика е затрупан со пријави за кршење на изборниот молк во текот на вчерашниот ден. Од обработените извештаи од теренот издвојуваме неколку случаи.

Охрид, интернет портал

Ноќта во петок кон сабота, на 30 октомври 2021, во првата минута по почеток на изборниот молк, еден интернет портал го прекрши изборниот молк, спротивно на Изборниот законик, известувајќи во живо на социјалните мрежи и на веб страницата за наводни активности за предизборен поткуп во Охрид. Во јавувањето во живо, две лица што објавуваат содржини за неколку традиционални и онлајн медиуми, посочија припадници на една политичка партија како организатори на наводен поткуп. Иако партијата не беше директно именувана, двете лица зборуваа за нејзините партиски бои и направија опис со јасен опис со што го открија идентитетот на посочената политичка партија. Тоа претставува прекршување на правилата за медиумско известување за време на предизборниот молк и кршење на Член 76-Б од Изборниот законик.

Кршење на изборниот молк се бележи и од неколку други интернет медиуми кои објавуваат имиња на политички партии или кандидати, односно фото и видео содржини во кои е очигледно за која партија или кандидат се работи. Тоа е спротивно на Член 76-Б од Изборниот законик.

Капиштец, Скопје

Околу 1 час по полноќ, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ утврдија кршење на изборниот молк на повеќе места низ скопската населба Капиштец. На вратите во голем број станови во станбените блокови низ населбата беа закачени флаери со пропагандна содржина во изборен контекст. Мониторингот на ЦИВИЛ поседува фотографии и сведоштва од граѓанки и граѓани кои потврдуваат дека се работи за кршење на изборниот молк, еден час по стапувањето во сила.

Социјални мрежи

Одредени политички партии го кршат изборниот молк и на тој начин што дел од Фејсбук страниците и профилите кои се под нивна контрола вршат пропаганда. Иако се работи за социјални мрежи кои не подлежат под строгите законски одредби и се работи за Фејсбук страници кои не се официјално под нивна надлежност, јасно е дека се работи за пропаганда во изборен молк.

Се бележи голем број случаи на ФБ, Твитер и Инстаграм каде што партиски функционери во текот на целиот ден, ноќта и денеска на денот на гласањето споделуваат пропагандни содржини.

Говор на омразата

За време на изборниот молк, на социјалните мрежи се бележат случаи на говор на омразата насочен кон одредени политички ентитети. Анализата на ЦИВИЛ покажува дека се работи за поддржувачи и членови на одредени политички партии кои организирано објавуваат пораки и коментари со говор на омразата против политичките неистомисленици. Дел од пораките на социјалните мрежи содржат и повици на насилство.

Повреда на тајноста на гласањето

Набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат за еден случај на повреда на тајноста на гласањето во општина во источниот дел од земјата.

На гласачот, лице пријавено за гласање в сабота, 30 октомври, му било дадено гласачкото ливче, но не му е дозволено да гласа тајно, под образложение дека „можеби ќе го фотографира ливчето“. Му било дозволено да гласа на влезот од домот на начин што членот на избирачкиот одбор имал целосен увид на тоа како гласал граѓанинот.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …