уефа фудбал

„Crypto.com“ се повлече од договорот со УЕФА Лигата на шампионите

Сингапурската компанија за размена на криптовалути „Crypto.com“ се повлече од спонзорскиот договор со УЕФА за Лигата на шампионите. Договорот вреден 428 милиони фунти, кој беше предвидено да трае пет сезони, пропаднал во последен момент поради загриженоста од зголемената регулација на криптовалутите, пишува „Би-би-си“,

Сајтот за размена на криптовалути требаше да го замени „Газпром“, откако УЕФА ги прекина врските со рускиот енергетски повајдер поради војната во Украина.

Како што пишува „Би-би-си“, во текот на изминатите неколку години дигиталните пари се оддалечија од маргините на економијата и влегоа во мејнстримот, при што се забележани многу спонзорски договори за фудбалот.

Англискиот фудбалски клуб Челзи и шпанскиот Атлетико Мадрид потпишаа договори со платформата за тргување „WhaleFin“, додека клубот Вотфорд претходно како спонзор на клубот го имаше Биткоин, криптовалута која беше прифатена за плаќање во рамки на клубот.

Минатата година, шпанскиот напаѓач Дејвид Барал влезе во историјата на фудбалот кога неговиот трансфер од Реал Мадрид во ДУКС Интернационал де Мадрид беше платен со Биткоин.

Според УЕФА, секторот за криптовалути делумно им помогнал на клубовите да ги пополнат приходите што беа изгубени како резултат на ковид-пандемијата. Помеѓу критичарите, пак, постои загриженост околу нестабилноста на крипто-пазарот, особено дека падот на цената на криптовалутите може да ги изложи фановите на потенцијални долгови.

Вредноста на Биткоин опадна за речиси 70 отсто од историскиот максимум достигнат во ноември минатата година, Етериумот е намален за повеќе од 70 отсто, а неколку крипто компании масовно отпуштаа работници изминатиов период.

„Crypto.com“, една од најбрзорастечките крипто-платформи во светот, има спонзорски договори со Формула 1, Светското првенство во хокеј на мраз и Светското првенство на ФИФА во Катар.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …