пожар

ЦУК: Пожарот во Богданци сè уште не е ставен под контрола

Пожарот кој пред неколку дена избувна во близина на Богданци сè уште не е ставен под контрола, информираат во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Во овој момент нема активно горење на пожарот кај Богданци, чад има на повеќе места и пожарот сè уште не е ставен под контрола. Пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување, Национални Шуми и јавното комунално претпријатие од Богданци, се обидуваат да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат“, информираа утрово во ЦУК.

На терен се вкупно околу 65 лица како и градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов. Во ЦУК велат дека ако во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот, на располагање се три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување како и два полициски хеликоптери со кои ќе се гаси пожарот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …