Царовска ги повика средните училишта да ги исполнат договорените активности за државната матура

Царовска ги повика средните училишта да ги исполнат договорените активности за државната матура

Од Министерството за образование и наука (МОН) информираат дека средните училишта постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит за државната матура.

„Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици“, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска по онлајн средба со директорите на средните училишта.

Обврска на матурските предметни комисии е да подготват испитни задачи по секој предмет и да ги објават најдоцна три седмици пред полагањето. Од тие испитни задачи потоа се изготвува тестот за интерните испити.

Сојузот на средношколци вчера реагираше дека во дел од средните училишта не се почитува постигнатиот договор за државна матура. Како што рекоа од Сојузот, прекршена била точката од договорот која се однесува на должноста на училиштата да ги споделат материјалите за интерните испити и банки на прашања, најдоцна три недели пред денот на испитот.

Државниот испитен центар (ДИЦ) информираше дека обврските произлезени од заедничкото решение на Владата на РСМ и Сојузот на средношколци за спроведувањето на државната матура, ќе бидат исполнети во целост од надлежните институции и образовните установи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Велибор Џаровски – Џаро

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија почина на 75 години, по кусо …