Пензионери во парк пензии

Од понеделник почнува исплатата на априлските пензии

На синоќешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2021 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2021 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се оствари во четири групи, според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во понеделник, 26.04.2021 година;
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 27.04.2021 година;
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 28.04.2021 година и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во четврток, 29.04.2021 година.

Со тоа, сите корисници на пензии ќе ги добијат своите средства пред Првомајските и Велигденските празници.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …