Централен регистар го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централен регистар го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, со кои се бараше одложување на рокот за доставување на годишна сметка, Централниот регистар на Република Северна Македонија одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот.

Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот ковид-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва.

Од Централниот регистар велат дека иако заклучно со вчерашниот ден, 11.03.2021 година, над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка, сепак како сервисно ориентирана институција, секогаш се спремни да одговорат на барањата на своите корисници, во рамките на законските можности.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …