Д-р Филипче до лицата со дијабетес: Ќе се залагам за навремена и квалитетна терапија достапна секому

Д-р Филипче до лицата со дијабетес: Ќе се залагам за навремена и квалитетна терапија достапна секому

Како и додека бев министер за здравство и како пратеник во иднина ќе се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, дури и за време на најголемата здравствена криза во поновата историја.

Ова го истакна д-р Венко Филипче кој како носител на листа на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина се сретна со лица со дијабетес од Радовиш и околните региони.

Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер беа направени клучни промени во терапијата за лицата со дијабетес: укинување на паралелниот увоз на инсулин, набавка на три нови типови на инсулин, нов дијагностички центар за дијабетес на Клиниката за ендокринологија.

„Ќе продолжам да се залагам за најсовремена терапија и дијабетичарите никогаш да не останат без терапија и без ленти, игли, гликемери. Ќе се залагам за повторно организирање на јавни едукации и трибини во насока на подигнување на свеста за лицата со дијабетес“, рече Филипче.

Ваквата непосредна комуникација со различните групи ќе продолжам да ја негувам и во иднина, рече Филипче и додаде дека благодарение на соработката со граѓанските организации и здруженијата на дијабетичарите, развил партнерски однос со нив за подобрување на условите и квалитетот на животот на лицата и децата со дијабетес.

Прочитајте повеќе

Конститутивната седница на Собранието ќе се закаже на 28 мај

Конститутивната седница на Собранието ќе се закаже на 28 мај

Дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона …