Дарја Ризова доби награда за најдобра актерка на меѓународен фестивал во БиХ

Дарја Ризова доби награда за најдобра актерка на меѓународен фестивал во БиХ

Македонската театарска актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка од публиката на деветтото издание на Фестивалот на актерот во Коњиц, Босна и Херцеговина.

На меѓународниот фестивал на кој жирито го сочинува само публиката учествува девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ и режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот Народен Театар.

Повеќе за претставата може се да види ТУКА.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Саем на мебел 2025

Саем на мебел 2025: Спој на дизајн, иновации и хуманост што привлече над 15.000 посетители

Годинешниот Саем на мебел, одржан од 26 до 30 март во Арена Борис Трајковски, беше …