Дел од медиумите во земјава дезинформираа за интервенцијата на косовската полиција во Митровица

Дел од медиумите во земјава дезинформираа за интервенцијата на косовската полиција во Митровица

Интервенцијата на косовската полиција во северниот дел на Митровица, каде што живеат мнозинство Срби, во српската пропаганда против Косово ги вклучи и медиумите од Македонија, кои земајќи ги за единствен извор на информации само српските медиуми, на интервенцијата на Специјалната единица на Косово на 28 мај 2019 година ѝ припишаа „национализам или интервенција на Албанците против Србите“, пишува „КриТинк“.

Но, тоа што се случи на северот на Косово не беше акција против српските полицајци и локалните жители, ниту напад на Албанците врз Србите, туку акција за борба против криминалот и шверцот.

Дека медиумите направија пропаганда, лесно можеше да се разбере од големиот интерес за покривање на настанот и од следењето само на изјавите на српските политичари, заобиколувајќи ги изјавите на косовските институции.

„ФОТО: Тепаа локално население, кршеа, апсеа, епилогот од хаосот на косовските специјалци“
„Тензично на Косово: Се апсат Срби кои се припадници на косовската полиција (ВИДЕО)”
„Косовските специјалци уапсиле 13 Срби, припадници на косовската полиција“.
„ВИДЕО: Се полнат болниците со повредени, оклопни возила го обезбедуваат теренот, тензијата на Косово се зголемува“

Ова се само дел од насловите што се појавија во поголемиот дел од медиумите на Северна Македонија на 28 мај. Таквиот голем интерес на медиумите за покривање настан во северниот дел на Косово секако дека беше голем поттик тој да се следи подробно неколку дена по ред. Сепак, испадна така како што се претпоставуваше – целта на известувањето била да се игра на картата на национализмот, за собирање кликови или поттикнување меѓуетнички конфликти, сега во балкански размери.

Ова е спротивно на осмиот член од Етичкиот кодекс на новинарите.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда, се вели во осмиот член.

Нагласената употреба на зборовите: тензија, апсења, Срби, Косовари, хаос, кршење и тепање, во насловите на вестите првично беше искористена за да го привлече вниманието на читателот, а потоа во самиот напис се прави еднострано известување. Ако се прочитаат написите, ќе се види дека како извор на информации биле српските политичари, Марко Ѓуриќ и Александар Вучиќ, кои немаа јасна слика за тоа што се случи дента на северот на Косово и беа поттикнати од нивните секојдневни политики, со посебен акцент на косовско-српскиот дијалог и данокот што Косово го стави на српските производи. Целата ситуација ја коментираа со едностран пристап, со неточни информации и со говор на омраза. Ова доведе до употреба на концептот на манипулација во новинарските написи наречен „Повикување на авторитет“, бидејќи беа пренесени само изјавите на Вучиќ како извор на информации, истовремено занемарувајќи ги изјавите на косовските институции, со што медиумите имаа селективни докази.

Целиот текст може да се прочита на „КриТинк“.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …