Делчево: Донација од германската амбасада за ЈПКД „Брегалница“

Делчево: Донација од германската амбасада за ЈПКД „Брегалница“

Од денеска машинскиот парк на ЈПКД „Брегалница“е побогат за уште една машина. Станува збор за современа машина за чистење, одзатнување и перење на канализациската мрежа со што за прв пат делчевското Јавно претпријатие со воден пристисок ќе работи на честите проблеми кои се јавуваат на канализациската мрежа во градот и населените места. Машината е  модел вибра Г-2900 и работи на воден притисок до 200 бари, наменета е за одзатнување и перење канализациска мрежа со пречник до 250 мм.

Машината е донација од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, вредна 443.662 денари.

Директорот на ЈПКД „Брегалница Стојче Стојковски истакна дека со ставањето во употреба на оваа машина значително ќе се подобри квалитетот на извршените работи и прв пат ова Ппретпријатие ќе има можност и за перење со воден притисок на канализациската мрежа.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …