Делчево и Виница по втор пат презентирани во Кина

Делчево и Виница по втор пат презентирани во Кина

Општина Делчево и Општина Виница по вторпат беа активни учесници на Бизнис самитот Патот на свилата“ кој овој месец се одржа во Кина. Двете општини се активни членки и први општини од РС Македонија во оваа светска асоцијација, посветена на градење платформа за поврзување на градовите во различни земји и региони. Бизнис-самитот се одржа во градот Zhangjiajie во Кина, каде учество зедоа 173 членки од 60 земји од светот .

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски имаше обраќање на пленарната сесија и презентација на Општина Делчево и на Република Северна Македонија за спецификите за инвестиции во областа на туризмот и економијата. 

–  Како градоначалник на Општина Делчево, ја имав таа чест и привилегија да бидам дел од овој Бизнис –самит на покана на Урбаната  алијанса, од каде се покриени сите патни трошоци.  Во оваа прилика сакам да истакнам за пријателството што Општина Делчево го гради со членките од Урбаната алијанса и промоцијата на нашата општина надвор од границите на Европа, на исток во една од најбрзорастечките  економии во светот, Кина. Делчево ги промовираше своите можности за развој со посебен акцент на развојот на туризмот на Делчево и на РС Македонија Овој настан е од исклучително значење за нашите релативно мали општини, Делчево и Виница, но и за нашата земја, бидејќи овие две општини станаа рамноправни и полноправни членки, застанаа рамо до рaмо со градови од  Украина, Грција, Палестина, Полска, Турција и.т.н, истакна Трајковски.

Трајковски истакна дека очекува пријателствата родени на овој Бизнис-самит да донесат нови перспективи за развој на Делчево. Урбаната алијансата на патот на свилата е здружение на градови од различни земји и региони врз основа на вредностите на еднаквоста, реципроцитетот и доброволноста. Таа има за цел да им помогне на градовите-членки да ги искористат можностите за развој и инвестициите и трговијата што ги носи Иницијативата. Посебен аспект има промоцијата на културната и трговската размена меѓу градовите од различни земји и региони, за да се олесни нивното приспособување кон инвестициските и трговските потреби на 21-от век, и да се​​ зголеми одржливиот и заеднички развој на градовите.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …