Делчево: Реконструкција на главната водоводна линија во Тработивиште

Делчево: Реконструкција на главната водоводна линија во Тработивиште

Интензивно се работи на реконструкција и санација на главната водоводна линија во делчевското село Тработивиште, каде екипи на ЈКП „Брегалница“ вршат замена на старите дотраени азбестни цевки со ново полиетиленско црево со пречник од фи- 110. Линијата е во должина од 250 метриа се поставуваат и 2 вентилни шахти со 2 вентила со пречник од фи 100. По реконструкцијата на главната линија сите индивидуални приклучоци ќе бидат заменети со нови.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковки , изврши увид во работите при што истакна  дека оваа интервенција е неопходна, бидејќи се јавуваа чести дефекти на оваа линија, па домаќинствата остануваа без вода, а имало и големи загуби на водата.

-Со реконструкцијата и санацијата на главната линија, сите проблеми позврани со честите дефекти, недостаток и загуба на водата во селото ќе бидат минато. Остануваме и понатаму посветени за решавање на проблемите на граѓаните, решаваме децениски проблеми и работиме со цел да се подобри квалитетот на животот на граѓаните во сите населени места во Општината, истакна Трајковски.

Претходно во селото беше извршена и реконструкција на дел од водоводната линија која поминува по главната улица на влезот во селото, при што беше извршена замена на дотраената поцинкувана водоводна линија со полиетиленско црево.

Прочитајте повеќе

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Талат Џафери: Има обиди за изборен инжинеринг

Имам добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за …