Марија Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ прави се' за народот да не ја добие помошта

Марија Георгиевска: ВМРО-ДПМНЕ прави се’ за народот да не ја добие помошта

Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувана јавност,

ВМРО-ДПМНЕ денеска правеше се’ за народот, граѓаните, компаниите да не ја добијат поддршката од петтиот пакет мерки.

Денеска цела јавност сведочеше по којзнае кој пат како ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на интересите на граѓаните, економијата и државата.

Денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку опструкции, одолговлекувања се обидуваа да ја одложат помошта кон граѓаните и стопанството, правеа се’ за над 16.000 работници се уште да не земат плата, илјадници компании да не ја добијат ветената помош.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните.

Тоа се покажа и денес со однесувањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Во налетот на агресивност и изгубеност да спречат народот да добие, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот координатор денеска свесно и намерно вознемирија жена. Мицевски денеска физички и вербално во Собранието вознемируваше жена, колешка пратеничка, и го одзеде правото на збор и ја вознемири, ја попречи слободата на говор.

Ова не ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Секогаш кога кворумот е под ризик поради пратенции болни од КОВИД19 ВМРО-ДПМНЕ не придонесува односно прави СЕ за да нема кворум и за народот да не ја добие потребната државна помош.

ВМРО работи против нашиот народ и тоа секому му е јасно.

Но граѓаните треба да бидат спокојни. СДСМ и парламентарното мнозинство ќе сторат се за оваа поддршка да стигне до граѓаните, до работниците. Потребните измени ќе бидат усвоени.

Ќе бидат исплатени платите, ќе им се помогне на сите загрозени компании, ќе се спроведат сите мерки од петтиот пакет.

Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието уште еднаш ќе бидат поразени.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …