Делчево: Успешно завршен процесот за Општинско корисна работа

Делчево: Успешно завршен процесот за Општинско корисна работа

На 16 лица ангажирани преку Програмата Општинско корисна работа за 2018 година, денеска во Делчево им беа доделени потврди за учество и сертификати за успешно завршена обука за образовни и лични асистенти.

Сертификатите и потврдите ги додели градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој истакна дека во Делчево успешно завршува уште еден процес од Програмата која во Делчево се реализира по седми пат, во партнерство меѓу Општина Делчево, Агенцијата за вработување, Центарот за социјални работи и УНДП.

 -Оваа година се спроведуваа вкупно четири активности, со 16 ангажирани лица на скратено време од 20 часови неделно и тоа 10 лица за период од девет месеци, а 6 лица за период од шест месеци. За работниот ангажман лицата добиваа паричен надомест од 9000 денари месечно, средства обезбедени од УНДП, додека персоналниот данок и осигурувањето беа исплатени од буџетот на Општина Делчево. Целта на оваа Програма е унапредување на системот за обезбедување социјални и здравствени услуги, а Програмата овозможува и социјално вклучување на регистрирани невработени лица кои се соочуваат со потешкотии да влезат на пазарот на трудот, но се подготвени да се здобијат со вештини и квалификации и постепено да се интегрирааат во редовниот пазар на труд, рече Трајковски.

Во Делчево, седум од лицата беа ангажирани на активноста „Образовни асистенти“ во двете основни општински училишта, три во активноста „Лични асистенти“ исто во двете основни општински училишта, три негователки во детската градинка и три негователи во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Во рамките на овие активности беа опслужени вкупно 367 крајни корисници од различна возраст, пол и припадност.

Инаку, Програмата поддржува активности за обезбедување/надополнување услуги на стари лица, лица со оштетен вид или слух, лица со пречки со телесен, ментален и/или комбиниран инвалидитет, материјално необезбедени деца и лица, воспитно- образовна дејност за деца на претшколска возраст, деца со попреченост преку обезбедување лични асистенти во наставно – воспитниот процес и/или образовни асистенти, деца од материјално необезбедени семејства, социјално исклучени и останати категории граѓани на кои им е потребно базично описменување, едуцирање и слично.

Право на учество во програмата имаат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, а кои им припаѓаат на ранливите групи на население, вклучувајќи ги и корисниците на социјална помош.

Како крајни корисници се вклучени деца од претшколска возраст, стари лица, болни и изнемоштени лица, жители од рурални средини, жени жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно- социјални проблеми, лица со пречки со телесен, ментален или комбиниран инвалидитет и други корисници.

Вкупниот буџет на проектот за 2018 изнесуваше 1.275.900 ден и тоа 1.134.000 ден. средства обезбедени од УНДП за плати за ангажираните лица и 141.900 ден. средства од буџетот на Општина Делчево за персонален данок и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Општина Делчево има поднесено апликација и за наредниот проектен циклус за одобрување на 20 работни позиции во рамките на истата програма и се надеваме на позитивен одговор како и до сега

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …