Демонстрантите во Тирана се обидоа да влезат во парламентот

Демонстрантите во Тирана се обидоа да влезат во парламентот

Опозициските демонстранти синоќа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон во Тирана и да упаднат во зградата на парламентот. Полицијата одговори со солзавец, па поддржувачите на опозицијата фрлаа разни предмети и петарди кон полицискиот кордон.

Синоќа демонстрантите, по третпат во последните две седмици, повторно се собраа пред парламентот во главниот град на Албанија и палеа автомобилски гуми и фрлаа факли, обидувајќи се да ги спречат пратениците да влезат. Со нив во тоа време беа и опозициските пратеници кои побараа прекинување на пленарната седница.

Опозицијата предводена од Демократската партија тврди дека левичарската влада на премиерот Еди Рама е корумпирана и поврзана со организиран криминал. Опозициските пратеници бараат да биде формирана преодна влада и да бидат распишани вондредни избори.

Лидерот на опозицијата во Албанија Љуљзим Баша, на крајот од вчерашниот протест во Тирана повика на граѓанска непослушност. Тој претходно обвини дека премиерот Еди Рама наредил употреба на хемски средства врз насобраните граѓани, но дека тоа не го плаши бидејќи протестираат за праведна кауза.

Протестите во Албанија имаше целиот изминат месец, а демонстрантите неодамна се обидоа да упаднат и во канцеларијата на премиерот Еди Рама, по што дојде до судир со полицијата, при што беа повредени повеќе демонстранти, новинари и полицајци.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Израелскиот премиер Нетанјаху, пак, во видео порака рече дека Израел ќе победи со или без …