Денеска Алтернатива носи одлука за влегување во Влада

Денеска Алтернатива носи одлука за влегување во Влада

Централниот совет на Алтернатива на денешната седница треба да донесе одлука дали оваа партија ќе биде дел од Владата, најави вчера партискиот портпарол Орхан Муртезани, наведувајќи дека партиска средба ќе почне во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово. Лидерот на партијата Африм Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и за поддршка на нивните четворица пратеници.

По завчерашната средба лидерот на Алтернатива Гаши рече дека може да каже дека има напредок и дека следуваат консултации со нивните партии. Од Владата, пак, соопштија дека се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел за постигнување договор за можна заедничка влада, која според двете страни, ќе треба да се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …