По барање на семејствата на загинатите поворката низ Скопје е откажана

По барање на семејствата на загинатите поворката низ Скопје е откажана

Денес посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе пристигнат со два воено-транспортни авиони.

Поворката која требаше да помине низ главниот град е откажана по барање на семејствата на загинатите со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва.

Сепак, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Вчера, директорот на Националната истражна служба на Бугарија, Борислав Сарафов соопшти дека се идентификувани сите 45 загинати жртви на автобуската несреќа на возилото на „Беса Транс“, кое изгоре во пожар по 2 часот ноќта на 23 ноември на автопатот „Струма“ кај селото Боснек, близу Перник.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …