Денеска и утре дожд, од вторник стабилизирање на времето

Денеска и утре дожд, од вторник стабилизирање на времето

И денеска во нашата земја ќе преовладува променливо облачно време, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 5, а максималната 18 степени Целзиусови.

Идентично време се очекува и во утрешниот ден. Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.

Прочитајте повеќе

Собраниско финале за Буџетот за 2026

Собраниско финале за Буџетот за 2026

2,8 милијарди евра за плати и пензии, 654 милиони евра за капитални инвестиции, 1,7 милијарди …