Денеска и утре променливо облачно, од недела дожд

Денеска и утре променливо облачно, од недела дожд

Во претпладневните часови од денешниот ден по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува. Дневната температура ќе се движи од 11 до 19 степени Целзиусови.

Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Утре, сабота, ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд од над 40 л/м2 и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец со брзина и над 60 км/час.

Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …