Едногласно усвоен Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Едногласно усвоен Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Собранието на РСМ едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со кој се  гарантира слободата на изразување, информираат од Министерството за правда.

„Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медиuмските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета“, информираат од Министерството за правда.

Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка.

Од Министерството за правда велат дека и во наредниот период ќе се фокусираат на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …