Денеска и утре променливо облачно, во недела дожд а на планините снег

Во претпладневните часови од денешниот ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 5 до 14 степени Целзиусови.

Утре времето ќе биде претежно облачно, а во недела и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.

Прочитајте повеќе

Новиот електронски дневник во училиштата најрано во второто полугодие

Откако ќе бидат исполнети сите услови предвидени во процесот на тестирање и по миграцијата на …