Денеска и за викендот локален дожд, од понеделник снег

Денеска и за викендот локален дожд, од понеделник снег

Во нашата земја денеска ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Температурата ќе се движи од 6 до 16 Целзиусови степени.

Од денеска следува период на променливо облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, освен утре кога ќе настапи преодно стабилизирање. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во почетокот на идната седмица, поради заладување, врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени под нулата, а максималната ќе достигне 15 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Во СДСМ имаат чувство дека ќе се обелоденат „шокантни детали за договорите Орбан-Мицкоски-Вучиќ“

Во СДСМ имаат чувство дека ќе се обелоденат „шокантни детали за договорите Орбан-Мицкоски-Вучиќ“

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во која повторно посочи дека „има чувство“ за идни …