Посмртните останки на 45 македонски граѓани ќе бидат пренесени од Софија во Скопје

Посмртните останки на 45 македонски граѓани ќе бидат пренесени од Софија во Скопје

Посмртните останки на 45 македонски граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа во Бугарија на 23 ноември се очекува денеска во девет часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи. Останките на загинатите, како што претходно беше соопштено, ќе бидат пренесени со два бугарски воени авиона.

Министерството за надворешни работи синоќа информираше за измена на саатници при пречекот и испраќањето на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија до нивните домови и вечни почивалишта.

„Почитувани, ве известуваме дека посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта“, велат од министерството.

Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, се уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот. Претходно, МНР информираше дека поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Вчера заменик бугарскиот државен обвинител Борислав Сарафов за агенцијата БТА изјави дека веќе биле идентификувани сите 45 жртви од автобусот кој се запали на автопатот „Струма“ и дека идентификацијата била направена со ДНК профили.

Во несреќата, кога автобусот на скопската компанија „Беса транс“ на враќање од Турција се запали и изгоре на автопатот „Струма“ кај Софија во раните утрински часови на 23 ноември, загинаа 45 патници, а седуммина беа повредени. Последниот од седумтемина повредени патници завчера беше вратен во Скопје.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …