Денеска и за викендот сонце, од вторник северен ветер и значителен пад на температурите

Денеска и за викендот сонце, од вторник северен ветер и значителен пад на температурите

Денеска ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец и максимална температура од 22 степени Целзиусови.

Утре во северните делови ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник од пладневните часови ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни и со засилен јужен ветер.

Од ноќта кон вторник ќе започне да дува засилен северен ветер кој ќе донесе значително опаѓање на температурата, при што минималната температура ќе се спушти до 1 степен над нулата, а максималната ќе се движи во интервалот од 6 до 12 Целзиусови степени.

Прочитајте повеќе

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ бара да се сопре насилството и национализмот: Кој даде „амин за јуриш“?

ЦИВИЛ најостро ги осудува ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи …