Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер претежно од југоисточен и западен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 7 до 16 степени Целзиусови.

Слично време не’ очекува и во деновите од претстојниот викенд, кога минималната температура во ноќните часови ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 18 Целзиусови степени.