кривичен суд

Денеска почна рочиштето за „Монструм“, прво откако предметот е под СЈО

Денеска во Кривичен суд почна рочиштето за случајот „Монструм“, прво откако овој предмет го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во судницата се присутни обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, како и сите обвинети, освен Фејзи Азири кој е хоспитализиран на пулмологија и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се недостапни за судот. Присутни се и родителите на петмината убиени кај Смилковското езеро.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на 21 март, на новинарско прашање одговори дека Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за овој предмет.

– Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се наоѓа предметот – рече Јанева.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

(ВИДЕО) Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставни измени, нам ни треба обединета Влада за европска интеграција, не за изолација

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан …