Ременски: Очекуваме опозицијата да ги поддржи измените на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги

Ременски: Очекуваме опозицијата да ги поддржи измените на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги

Прес на Фросина Ременски, пратеничка и потпретседателка на СДСМ:

Добро е што опозицијата конечно го соопшти својот став за Предлог измените на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Сите предлози вклучително и амандманите на опозицијата ќе бидат разгледани.

Предложените законски измени, во текот на оваа недела, ќе бидат на второ читање на надлежната Комисија за транспорт и врски, каде што ќе се разгледуваат сите предложени амандмани.

Добро е што опозицијата даде мислење и конкретни предлози за овие законски измени, но добро ќе беше тоа да го стореа порано за да може сите тие предлози коишто беа поднесени од страна на опозицијата исто така да бидат дел од јавните дебати и трибини на коишто се дебатираше за законско решение.

Морам да нагласам дека овој Предлог-закон е еден од најдебатираните законски решенија, во дебатата беа вклучени сите чинители и субјекти на медиумската заедница. Овој закон е всушност  конкретен резултат кој што произлезе токму од тие дебати.

Очекуваме опозицијата да го подржи Предлог-законот кој што ќе обезбеди транспарентен, независен, ефикасен  и отчетен јавен радиодифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги.

Со начинот на изборот на членовите на Советот и директорот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и јавниот радиодифузен сервис се обезбедуваат сите предуслови за професионални персонални решенија, без постоење на судир на интереси и политички влијанија.

Членовите на овие тела ќе се бираат со дво-третинско мнозинство, што е дополнителна гаранција дека целиме кон професионалност и целосна департизација на овие важни тела.

Од тие причини очекуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги подржат овие законски решенија.

Идејата на секое законско решение да биде целосно применето од кога ќе биде донесено.

Затоа очекуваме по изгласувањето на законот да биде направен и изборот на членовите на овие тела согласно новите критериуми предвидени со законот.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …