Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец кој на повеќе места ќе достигне брзина над 60 км/час. Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Максималната температура ќе достигне 42 степени, а УВ=9
Утре ќе има значително намалување на дневната температура за околу 10 степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.