Денеска не’ очекува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 27 до 37 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 9.
Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 38 степени а УВ=9.