Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од северозападен правец, температурата ќе се движи од -1 до 9 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, со максимална температура од 5 Целзиусови степени.
Утре попладне и в петок ќе има повремени врнежи претежно од снег, а наместа ќе се формира нова снежна покривка. Во деновите од викендот ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд на пониските места, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.