Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 108 седница

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 108 седница

На дневен ред на денешната 108 владина седница, се пакет закони предложени од Министерството за правда. Министрите ќе одлучуваат за предлог – законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на законот за судовите, законот за Судскиот совет, законот за извршување на санкциите и за предлог – законот за изменување и дополнување на законот за прекршоци.

Владата денеска ќе ја разгледа и информацијата за потребата од донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги.

За седницата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја предлага информацијата за распишување на јавен повик за прибирање на понуди за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари, со предлог – решение.

Прочитајте повеќе

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

ДИК донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да …