Денеска врнежи од дожд, од утре стабилизирање на времето

Денеска врнежи од дожд, од утре стабилизирање на времето

Денеска ќе преовладува претежно облачно време, со повремени локални врнежи од дожд. Во северните делови од земјата ќе биде значително постудено, а повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег.

Кон крајот на денот во југозападните делови и на пониските места, врнежите ќе преминат во снег. Повремени врнежи од снег ќе има и во Скопската котлина. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени Целзиусови.

Од утре ќе настапи стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

Прочитајте повеќе

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Нема казна за увозникот на небезбедно пилешко месо од Бразил

Вкупно 26 тони пилешки батаци без коска зачинети со ризик од птичји грип, 20 тони …