Денеска започна етапната исплата на ноемвриските пензии

Денеска започна етапната исплата на ноемвриските пензии

Од Министерството за труд и социјална политика известуваат дека денеска, 29.11.2022 година, започна етапната исплата на пензиите за месец ноември.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши во вторник, 29.11.2022 година;
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши во среда, 30.11.2022 година;
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши во четврток, 01.12.2022 година и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се изврши во петок, 02.12.2022 година.

Прочитајте повеќе

УКИМ

Студентското пленумско движење повикува на мирен собир на платото на УКИМ

„Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во …