Детската клиника и болницата во Козле – полни со деца со респираторни заболувања

Детската клиника и болницата во Козле – полни со деца со респираторни заболувања

Клиниката за детски болести како и Институтот за белодробни заболувања Козле, се полни со пациенти. Во овој период од годината, преовладуваат респираторните дијагнози а една од причините е енормно загадениот воздух.

– Болницата е полна. Имаме 130 пациенти кои се хоспитализирани и околу 30 кои се во дневна болница, a вкупно капацитетот е околу 180 места – информира за ,,Мета” д-р Катарина Ставриќ, директорката на Детска клиника.

Пациентите, додава таа, се со респираторни заболувања, но има и деца со други болести и инфекции.

– Факт е дека периодов е загаден воздухот, таква е сезоната, но не се само респираторни дијагнози во прашање – вели Ставриќ.

Голем број пациенти се хоспитализирани и во „Козле“. Најчесто поради бронхити, опструкции и пневмонии, но има и деца-пациенти со ларингитис.

Владата вчера донесе одлука да се одложи за два дена почетокот на учебната година поради енормното загадување на воздухот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …