Тинтоски: ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, 12 години свесно го игнорираа проблемот со загадувањето на воздухот во Прилеп

Тинтоски: ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески, 12 години свесно го игнорираа проблемот со загадувањето на воздухот во Прилеп

 Прес конференција на Кире Тинтоски, член на Советот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ:

После 12 години целосно игнорирање на состојбата со загадувањето на воздухот во Прилеп, новата општинска администрација предводена од градоначалникот Илија Јованоски, реално и објективно го отвора прашањето за тоа каков воздух дишеме и мерките што треба да се преземат.

Општинската организација на СДСМ – Прилеп го поздравува првиот чекор во справувањето со аерозагадувањето, а тоа е поставувањето на мерен инструмент за присуството на штетните ПМ10 честитки во воздухот.

Уште повеќе што во наредниот период, како што најави градоначалникот Јованоски, ќе бидат поставени дополнителни 20-30 мерни инструменти на повеќе локации во градот, со што ќе добиеме прецизна слика за загаденоста на воздухот на целата територија на општината и пред се’ кои се причинителите на загадувањето.

Со точни податоци за загаденоста и изворите на загадувањето на воздухот во нашата општина, конечно ќе можат да се преземат и конкретните мерки за долгорочно подобрување на состојбата со воздухот што сите го дишеме.

Во тој контекст, со гасификација на градот и најавите за набавка за нови автобуси на метан, ќе се намали употребата на огревно дрво, јаглен и нафта за греење во институциите и домаќинствата, а граѓаните ќе имаат можност за поголема употреба на јавниот превоз, наспроти приватните возила кои исто така загадуваат.

ВМРО-ДПМНЕ  и екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, 12 години свесно го игнорираа проблемот со загадувањето на воздухот во Прилеп, со што го доведоа во прашање здравјето на граѓаните.

За трагедијата да биде уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги лажеше граѓаните дека воздухот во Прилеп не е загаден.

Парите на граѓаните, наместо на мерки за намалување на загадувањето и обезбедување почиста животна средина, се трошеа на сомнителни тендери за кои сега се покренуваат кривични пријави.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …