Претседателот на Собранието, Талат Џафери попладнево го потпиша решението за распишување на претседателските избори. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај.
Во изјавата за медиумите, Џафери апелираше до учесниците во изборниот процес да се однесуваат согласно Уставот и законите, како што и’ доликуваат на една европска држава.
Истовремено, Џафери порача дека граѓаните се единствениот легитимен авторитет што ќе одлучи кој ќе биде шестиот претседател на Македонија.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место