Џафери се сретна со европратениците Вајгл и Кукан

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со пратениците на Европскиот парламент, Иво Вајгл и Едуард Кукан, кои се наоѓаат во посета на Република Македонија во рамките на Конференцијата на парламентарните Комисии за европски прашања и интеграции на државите опфатени во процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, што се одржува во Собранието на Република Македонија.

Претседателот Џафери ги информирал европратениците за тековните активности на Собранието на Република Македонија и за последните случувања во земјата на политички план.

„Европратениците изразија задоволство од постигнатите резултати и стабилизацијата на работата на законодавниот дом. Исто така, изразија подготвеност да ги поддржат сите активности кои би ја подобриле соработката на парламентарното мнозинство и опозицијата, со цел да се заокружат реформските процеси и земјата да се движи во позитивна насока на патот кон пристапување во Европската Унија“, информираат од кабинетот на Џафери.

Вајгл и Кукан ги потврдиле заложбите на Европскиот парламент да се зајакне соработката со Собранието во насока на поддршка на евроинтегративните процеси на земјата и реализацијата на реформските процеси, неопходни за добивање на позитивен извештај за напредокот на Република Македонија и за отпочнување на преговори за полноправно членство во европското семејство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски агенти во мантија

Малку е познато дека и пред Васијан Змеев руските агенти во Македонија вршат непријателска дејност …