Џудо федерацијата со нова финансиска поддршка за клубовите

Џудо федерацијата со нова финансиска поддршка за клубовите

Со цел да им помогне да го надминат овој кризен период во кој корона вирусот има огромно влијание врз спортот, за само неколку месеци Џудо федерацијата за клубовите членки обезбеди нова финансиска помош. Дополнително, Џудо федерацијата одлучи да ги ослободи клубовите од плаќање на годишната котизација, што е уште една мерка за поддршка на македонските џудо клубови.

Ова се двете најзначајни одлуки кои беа донесени на редовната седница на Извршниот одбор, која во саботата под посебни протоколи за заштита од пандемијата се одржа во големата сала на Општина Прилеп.

Покрај тоа, на седницата на Извршниот одбор се дискутираше и за влијанието на короната и за можниот почеток на сезоната во следниот период. На седницата активно учество зедоа и селекторите и претседателите на комисиите, кои најпрво се навратија кон сето она што било сработено во изминатите неколку месеци, после што дадоа и свои видувања за предизвиците со кои што ќе се соочуваат во следниот период, како резултат од негативните последици од корона вирусот.

На седницата беа усвоени и ранг листата за 2020 година, планот, програмата, и календарот за 2021 година, правилата за учество на Државни првенства и натпревари во 2021 година, како и Правилникот за рангирање.

Прочитајте повеќе

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки со поддршка од Цевитана

Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки со поддршка од Цевитана

Витаминка преку својот бренд Цевитана, со гордост го поддржа Балканското првенство во џудо за помлади пионери …