Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп ги прогласи најдобрите натпреварувачи од своите редови

Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп ги прогласи најдобрите натпреварувачи од своите редови

На последниот тренинг одржан на крајот на минатата година, со пригодна свеченост џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп ги прогласи најдобрите натпреварувачи за 2018 година и им додели награди.

Листата на најдобри натпреварувачи по категории на ниво на клубот за 2018 година, изгледа вака:

Ветерани: Киро Здравески, Маке Спиркоски и Ацо Божиноски.

Сениори: Христијан Ѓураков

Јуниорки: Александра Најдоска

Јуниори: Марио Цинцароски

Кадетки: Теодора Димеска

Кадети: Јован Најдоски

Пионерки: Леона Настоска

Пионери: Андреј Трајковски

Помлади пионерки: Теа Настоска

Помлади пионери: Никола Магдески

Деца девојчиња: Анастасија Кузманоска

Деца момчиња: Борис Џагадуроски

За најуспешен натпреварувач на „Сеишин“ за 2018 година, е прогласен Јован Најдоски.

Во натпреварувачката 2018 година, џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп зеде учество на вкупно  8 Државни првенства, каде освои 74 медали. На 10 меѓународни турнири освоени се 78 медали, а на три Балкански првенства на кои членови на клубот ги бранеа боите на репрезентацијата на Македонија, освоени се 7 медали. Или вкупно, во минатата година џудистите на „Сеишин“ освоија вкупно 159 медали.

Најзначајни успеси се освоеното 2 место на Христијан Ѓураков и 3 место на Александра Најдоска на Балканското првенство за сениори. На истото првенство, репрезентацијата на Македонија го освои 2 место, при што репрезентативните бои ги бранеа петмина џудисти на „Сеишин“: Христијан Ѓураков, Марио Тошески, Кристијан Тошески, Бобан Глигуроски и Александра Најдоска.

Минатата 2018 година, клубот организираше две Државни првенства, еден меѓународен турнир, еден меѓународен џудо камп за пионери, како и манифестацијата „Европска недела на спортот“.

Во годината што измина, за посебни заслуги од областа на спортот, џудо клубот „Сеишин“ беше добитник на наградата „3.Ноември“ која ја доделува Општина Прилеп, а ги одбележа и двата јубилеја: 15 години од формирањето на клубот и 10 години од Меѓународниот турнир „Прилеп Град Херој“, кој стана препознатлив во балкански рамки.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …