Џулијан Асанж уапсен во Лондон, Еквадор го повлече азилот

Џулијан Асанж уапсен во Лондон, Еквадор го повлече азилот

Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, за потоа тој да биде уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде ги мина изминатите седум години без да излегува надвор.

Тој побара азил поради обвинувања за силување во Шведска, кои подоцна беа отфрлени. Асанж тврдеше дека овие обвинувања се само маска за негово испорачување од Шведска за САД, каде би му се судело како на државен непријател поради бројните тајни документи од САД што ги објави „Викиликс“.

Како што јавува „Би-би-си“, веста ја потврди британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид.

-Можам да потврдам дека Асанж е во притвор и оти е соочен со правосудството во Британија – изјави министерот.

Асанж во амбасадата на Еквадор се наоѓаше од август 2012 година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …