Дијабетичари дијабетес

Дијабетичарите бараат хронично болните да се ослободат од работни и училиштни обрвски

Сојузот на здруженија на дијабетичари денеска побара од Владата и Министерството за здравство да ги ослободат од работни и училиштни обврски сите лица кои се хронично болни, посебно лицата со тип 1 и тип 2 дијабетес, заради загрижувачката состојба со ковид во земјата. Како што стои во нивното барање со надлежните, се надеваат дека ќе бидат прифатено како итно ова барање.

„Епидимиолошката состојба со вирусот ковид-19 е загрижувачка. Сериозно високите бројки на раст и тоа на дневно ниво, за жал и прогресијата на ново инфицирани не запира и покрај важечките здравствени протоколи. Ваквата состојба за Сојузот на здруженија на дијабетичари е сериозно загрижувачка, со највисок ризик по компликации на животите на граѓаните со хронични заболувања, особено кај лицата со дијабетес кои со своите секојдневни активности ги исполнуваат работните обврски“, стои во барањето.

Како што е таму наведено, „за да се превенираат дополнителни компликации и можни животно загрозувачки состојби“ тие бараат превентивно ослободување од работни и училишни обврски на сите хронично болни, особено оние со дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2 „во рок до 14 дена со одобрение од надлежен специјалист и еднокриниолог или дијабетолог, по барање на самото лице“.

„Отсуствата по овие мерки, да бидат на терет на работодавците, согласно правилата за боледување и тоа на вакцинираните со 90 отсто од плата, а на невакцинираните или непрележани од корона вирус 70 отсто од плата“, пишува во барањето до Владата.

Воведување на овие мерки се бара, како што е наведено, имајќи ги во предвид, досегашните факти дека најголем процент на заболени од корона се лица со дијабетес, а за жал во делот на починати тој процент е над 2/3 од вкупниот број.

„Потсетуваме дека кај лицата кои имаат средна и потешка форма на корона вирус, од терапијата која се применува се појавува дијабетес и е зголемен бројот на корисници на инсулинска терапија“, стои во барањето потпишано од Димче Велев, претседателот на Сојузот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …