Директорот на ЈП за ПУП - Прилеп потврди: Поскапува градскиот превоз

Директорот на ЈП за ПУП – Прилеп потврди: Поскапува градскиот превоз

На денешната прес-конференција на директорот на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп, Зоран Јовески, беше потврдено она што опозициската СДСМ го најави, а тоа е дека јавното претпријатие ќе ги зголеми цените на своите услуги, првенствено на јавниот градски превоз.

„ЈП за ПУП како впрочем и сите други јавни претпријатија од градот и Републикава, приморани се да бараат излезни решенија, кои вклучуваат и коригирање на постојните цени. Или со други зборови, ЈП за ПУП ќе биде приморан на одреден начин да ги вклучи во цената новите пазарни вредности на енергенсите, а во конкретниот случај цената на метанот и дизел нафтата“, изјави Јовески.

Како причини за поскапувањето на услуги кои ги испорачува ова јавно претпријатие, Јовески ги посочи зголемените цени на метанот како и отсуството на поддршка од страна на централната власт кон јавните претпријатија.

„Што и да биде преземено од наша страна со цел прилагодување на конкретната ситуација, тоа ќе значи прифатливо решение за граѓаните, каде нивниот интерес ќе биде ставен во прв план“, заклучи директорот на ЈП за ПУП, Зоран Јовески.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …