Бензинска станица горива гориво

Дизелот и 98-октанскиот бензин поевтинуваат за половина денар

Со пониска цена за 1,5 денари за литар, пак, ќе се продава Екстра -лесното масло за домаќинство

За половина денар за литар, од ноќеска една минута после полноќ ќе поевтинат моторниот бензин Еуросупер БС-98 и Еуродизелот.

Со пониска цена за 1,5 денари за литар ќе се продава и Екстра -лесното масло за домаќинство, додека малопродажната цена на мазутот ќе се намали за 0,883 денари за килограм, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Во меѓувреме, цената на бензинот Еуросупер БС-95 останува непроменета и изнесува 81,5 денари за литар.

Согласно новите цени, 98-октанскиот бензин ќе чини 83,5 денари за литар, дизел горивото ќе се продава за 81,5 денари за литар, додека литар масло за горење ќе чини 81 денар.

Новата цена на мазутот од ноќеска ќе биде 46,291 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …