дизел

Дизелот од ноќеска ќе поевтини за два денари за литар

Од ноќеска на полноќ, горивото Еуродизел БС ќе се продава за 82 денари за литар

Од ноќеска за два денари по литар ќе поевтини дизелот на бензинските станици во земјава, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Цената на другите нафтени деривати не се менува.

Од ноќеска на полноќ, горивото Еуродизел БС ќе се продава за 82 денари за литар, додека бензините со 95 октани останува со иста цена – 81,50 денари за литар, а по идентичната цена од 84 денари ќе се продава и бензинот со 98 октани. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 82,50 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508 отсто, кај дизелот за 2,946 отсто, кај екстра лесното масло за 2,379 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,858 отсто.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Руски агенти во мантија

Малку е познато дека и пред Васијан Змеев руските агенти во Македонија вршат непријателска дејност …