лаптоп

До 10 јануари може да се испраќаат предлози и сугестии за новиот концепт за основно образование

Најдоцна до 10 јануари 2021 година на електронската адреса koncepcija@mon.gov.mk може да се испраќаат коментари, предлози и сугестии за унапредување за нацрт верзијата на новиот концепт за основно образование.

Концептот е достапен на македонски, албански, турски, босански и српски јазик на веб страницата на Министерството за образование и наука.

Претходно министерката за образование и наука Мила Царовска, појасни дека како во природните, така и во општествените предмети подеднакво, сите три модули од предметите остануваат поеднакво застапени во наставната програма, а тоа значи дека учениците треба да се стекнат со базични знаења по сите три предмети што ќе бидат интегрирани во еден.

Од Бирото за развој на образование излегоа со став дека нема да дозволат учениците да не се стекнат со знаења од историја, географија или содржини од друга научна дисциплина, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …