СДСМ: Мицкоски застана зад насилството, зад Груевски, за него 27 април е виц

СДСМ: Мицкоски застана зад насилството, зад Груевски, за него 27 април е виц

Изјава за медиуми на Стефан Васев од СДСМ, реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски, единствениот кој е на браникот на криминалот, денеска застана зад насилството од 27 април.

Мицкоски денеска застана зад својот ментор осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, првообвинет во судскиот случај „организатори на 27 април“.

Што навистина Мицкоски мисли за крвавиот четврток најдобро зборува тоа што денеска во судницата ширел хумор и како што тој вели „се обидел да биде вицкаст“

За Мицкоски насилството, обидот за убиство на пратеници и новинари е виц.

Ете тоа е Мицкоски, секогаш на браникот на насилството и криминалот, никогаш на страната на граѓаните.

Затоа доживува шест изборни порази за три години, затоа уште долго останува во опозиција.

Му порачуваме на Мицкоски дека ова е уште еден пораз за него, одговорност за сите за насилството на 27-ми април мора да има и ќе има, вклучително и за организаторите.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …