Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници низ целата земја, најави Филипче

Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници низ целата земја, најави Филипче

Со нова предлог измена на Законот за здравствена заштита, докторите ќе може по потреба да патуваат во друг град во државата за да пружат одредена здравствена услуга. Ова за Мета.мк го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека оваа новина е најкрупната реформа во здравството која се планира да се случи во 2021 година.

„Законски, на секој доктор ќе му биде дозволено да направи договор со која било јавна здравствена установа или по потреба приватна, за да може својата услуга ја даде каде било во државата“, вели Филипче за Мета.мк.

Според министерот, со оваа новина ќе се овозможи докторот да не биде стриктно ограничен да работи (оперира, прегледува) само во установата каде што работи, туку неговата експертиза, знаење и услуга ќе може да ја пружа низ целата држава таму каде што за тоа ќе има потреба.

„Практично со ова пациентите наместо да патуваат од другите градови во Скопје, ќе патуваат докторите“, рече министерот.

Тој додаде дека докторите би биле платени за услугата, а кажа и дека ова е пракса и развиени европски држави.

Според Филипче, и следната година, ковид-19 ќе биде предизвик, а во докторите и здравствените работници мора да се инвестира. Тој очекува на почетокот на годината да стигне вакцината и се надева дека бројот на новодијагностицирани ќе опаѓа.

„Од сето ова научивме многу како држава, научивме дека здравството е столбот на државата и дека мораме да го зајакнуваме и континуирано да го унапредуваме. Се докажа дека вистинска мерка била инвестицијата во здравствените работници. Платите на специјалистите се двојно зголемени од 2017 година, па тоа беше значајна стимулација за да се изменаџира подобро целокупната здравствена криза“, рече Филипче.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …