Снешко „поручуе“: Носи ја маската правилно, не си снешко!

Снешко со транспарент „Носи ја маската правилно, не си снешко“ денеска е поставен на плоштадот Македонија како нова герила акција наречена „Снешко поручуе“ на групата Урбани уметнички акции. Како што велат урбаните уметници, со оваа акција сакаат да ги потсетат граѓаните дека новогодишните празници не се изговор за олабавување и заборавање на опасноста од вирусот додека епидемијата е сè уште во полн ек.

„Инспирацијата за оваа акција е фактот што огромен број наши сограѓани постојано не ги почитуваат мерките и неправилно ги носат маските над носовите, со што не само што воопшто не се заштитуваат себеси, туку и другите ги изложуваат на опасност“ велат урбаните уметници.

Тие додаваат дека со оваа акција сакаат да ги потсетат граѓаните дека и покрај новогодишните празници, епидемијата е во полн ек и секојдневно броиме стотици новозаболени и десетици мртви.

„Во вакви услови и покрај новогодишните празници несмееме да се олабавиме и да заборавиме на опасноста“, велат уметниците.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …